Цена со 18% ДДВ.
Внесете ја својата е-пошта и ќе Ви пратиме порака кога продуктот ќе биде достапен на залиха.
Бесплатна достава над 950 ден.
Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!
Време на испорака: 1-2 работни дена
Хранлива каша од органско просо со сочни, слатки гоџи бобинки. Вкусно задоволство спакувано од органската мелница на Antersdorfer Mühle, со природна содржина на шеќери. Можете да додадете сируп од агаве, мед или шеќер и да добиете одличен вкус во кој ќе ужива целото семејство.
- Погодна за вегани
- Погодна за вегетаријанци
Сертификат: Германски државен органски печат, органски печат на ЕУ.
Подготовка за 2-3 порции: Ставете ја содржината од пакувањето да зоврие во сад за готвење заедно со 300 ml кокосово млеко, прстофат сол и по желба пакетче ванилин шеќер. Намалете ја топлината и оставете да се готви околу 15 минути, повремено мешајќи. Исклучете ја ринглата и оставете да отстои околу 10 минути, да набабри.
Наш совет: Можете да додадете сируп од агаве, мед или шеќер.
Состав: Ситно просо*, гоџи бобинки* (10%), семки од сончоглед*, суво грозје*, кокосови снегулки* (5%).
*од сертифицирано органско земјоделство
Може да содржи траги од глутен, соја, сусам и јаткасти плодови.
Складирање: Да се чува на ладно и суво место.
Хранливи вредности на 100 g:
Енергија: 1594 kJ/378 kcal
Масти: 8,8 g
од кои заситени: 4,1 g
Јаглехидрати: 61 g
од кои шеќери: 17 g
Растителни влакна: 5,6 g
Протеини: 11 g
Сол: 0,01 g
Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!
Оставете коментар